26
03
2010
Максимир се распаѓа.Одпаѓаат делови од бетон и дрвенарија,а вработените настрадуваат.Завчера двајца вработени во Динамо,кои го одржувале стадионот после натпреварот со Хајдук се полесно повредени од како дел од плочките се одрониле.Пред неколку месеци поголемо парче бетно се одроно и падна врз автомобилот на жена вработена во клубот и уште неколку слилни такви случааи.Се ова го наведе извршниот потпредсетале на Динамо,Здравко Мамиќ сериозно да размисли Динамо да игра на некој друг стадион.Најсериозни кандидати за привремен стадион се Велика и Запрешиќ.Два мали,но солидни стадиони.Првиот е поголем,но е во друг град,додека другиот е доста помал но е блиску(Запрешиќ е предградие на Загреб).Стадионот во Велика се спомнува како најверојатна дестинација.
Comments : Исклучени коментари
Categories : Некатегоризирано
25
03
2010
Првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Хрватска помеѓу Динамо Загреб и Хајдук заврши со 0-0.
Дербито го одбележаа слабата и анемична игра на двете страни и добрите изданија на БББ и Торцида.
Натпреварот Хајдук го почна доста дефанзивно,без ниту еден класичен напаѓач играјки на контри.Очигледно беше од самиот почеток дека Поклеповиќ отиде да се брани на Максимир и да си отиде со празна мрежа,во што тој и успеа.Играчите на Динамо играа слабо и во најголем дел на натпреварот без идеја и не успеаа да направат многу шанси.Дури можеа и во неколку наврати и да примат гол од контра.
Динамо-Хајдук 0-0
Загреб,стадион Максимир гледачи 15 000
Динамо : Бутина – Ибањез – Ковач – Барбариќ – Врсаљко – Моралес (Томечак 45) – Бадељ – Врдољак ( Антолиќ 82) – Самир – Манџукиќ – Слепичка (Приморац 68 )
Хајдук : Субашиќ – Малоча – Ј. Буљат – Панџа – Скоко – Андриќ (Љубичиќ 88 ) – Рубил -Анас Шарбини (Оремуш 66) – Томасов – Ибричиќ(Вукушиќ 93)
Натпреварот почна солидно,во 13-та минута Анас Шарбини ја имаше првата посериозна шанса на натпреварот.При една од контрите на Хајдук шутираше од 17-18 метри,но топката заврши сигурно во рацете на Бутина.
Две минути подоцна,шанса на другата страна.После едно одлично додавање од Самир,Слепичка имаше шанса од некаде 13 метри да даде гол,но Шубашиќ одлично го одбрани шутот.
Во 42-та минута Ибричиќ не искористи одлична шанса.При една контра,Стриниќ направи одличен соло продор и му ја додаде топката на Сенијад Ибричиќ кој од 15 метри шутираше покрај голот.
Во второто полувреме само две шанси и двете за Динамо.Во 69 после нафрлување од Приморац,Манџукиќ од тешка ситуација промаши празан гол.
Во 94 минута слободен удар од 30 метри за Динамо.Луис Ибањез одлично шутира во горниот агол,но одлично интервенира Субашиќ
Comments : Исклучени коментари
Categories : Некатегоризирано
24
03
2010
Денеска се игра првиот натпревар во полуфиналето на купот на Хрватска.Динамо во полуфиналето ќе се сретне со својот најголем ривал,Хајдук од Сплит.Натпреварот се игра на Максимир со почеток во 17 часот и 30 минути.

Comments : Исклучени коментари
Categories : Некатегоризирано
22
03
2010
Динамо забележа уште една победа,овој пат против екипата на Славен Белупо од Копривница.Стрелец на единствениот гол беше чехот Мирослав Слепичка.
Comments : Исклучени коментари
Categories : Некатегоризирано
2
02
2010
Извршниот потпретседател на тимот на Динамо Загреб, повторно ја активира идејата за формирање на регионална фудбалска лига на поранешните ЈУ простори.
Зоран Мамиќ, главниот човек во Динамо Загреб, смета дека формирањето на регионална балканска фудбалска лига би го спасило фудбалот на овие простори.
„Конкуренцијата во сегашните првенства на Балканот се сведува на два тима и нема адреналин и неизвеснот, па со тоа и квалитетот е мал.“ изјави Мамиќ.
„Гледаноста на натпреварите од првата фудбалска лига, реално е многу помала од тоа што се прикажува во медиумите, па сметам дека формирањето на регионална лига би го спасила фудбалот на овие простори.“
За проблемот околу безбедноста Мамиќ смета дека во првите две години од натпреварувањто, да не патуваат гостински фанови.
Тој исто така напомена и дека хрватската лига се наоѓа пред пропаст бидејќи за следната сезона девет тима нема да можеле да добијат лиценца за настап.
Comments : Исклучени коментари
Tags : Мамиќ, Спорт
Categories : медиуми, спорт
13
01
2010
После долго време шпекулирање по медиумите, кончено и некоја официјална вест. Како што соопштија од тимот на Динамо, Ловрен од денеска веќе е член на француски Лион.
Доста среќни од овој трансфер беа и челниците на Динамо бидејќи како што тие кажаа постигнале договор со кој сите страни биле задоволни, а медиумите шпекулираат дека за Ловрен, Динамо добил 9.5 милиони евра.
„Лион доби еден од нашите најголеми бисери и еден од најбараните играчи од овој дел од Европа. Не можеме да кажеме дека не жалиме што Ловрен не напушта, но сепак не смееме да го спречиме развојот на талент како Ловрен.“ изјави главниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ.
Задоволен од овој трансфер беше и самиот Ловрен, кој е и изненаден од начион на кој беше пречекан во Франција.
„Презадоволен сум. Ме пречекаа како вистинска ѕвезда, неверојатно е ова што ми се случува. Задоволен сум и со платата, која што ќе остане тајна помеѓу мене и Лион.“
Неговата официјална промоција ќе биде утре, а медиумите шпекулираат дека младиот Дејан во Лион ќе заработува околу 700.000 евра годишно.
Comments : Исклучени коментари
Tags : Динамо Загреб, Ловрен, Спорт
Categories : медиуми, спорт
11
01
2010
Како што пренесоа повеќето француски и европски спортски медиуми тимовите на Динамо и Лион веќе ги договориле условите на трансферот и Ловрен веќе станал играч на Лион.
Според весникот L’equipe, Дејан Ловрен ќе преминел во Лион за 9.5 милиони евра, а потпишувањето на четири и пол годишниот договор треба да се случи утре или најдоцна задутре.
„Не смеам ништо да зборувам за тоа, додека не се заврши се.“ изјави Ловрен вчера во седиштето на Динамо.
„Константно се сме контактирани од Лион и тие навистина посакуваат да го купат Ловрен.“ изјави Зоран Мамиќ.
Меѓутоа иако се е прекрасно прикажано од хрватските и француските медиуми, сепак на официјалната страна на Лион објавија дека работата се уште не е завршена.
„Се уште ништо не е договорено околу трансферот на Ловрен“’, изјави советникот на претседателот на тимот, Бернард Лакомб.
„Ловрен е навистина талентиран и одличен млад играч. Меѓутоа од Загреб ни рекоа дека за него се интересираат и Челзи и два шпански тима, така да останува уште работа.“
Comments : Исклучени коментари
Tags : Динамо Загреб, Ловрен, Спорт
Categories : медиуми, спорт
9
01
2010
Тимот на Динамо доби ново засилување. Во редовите на сините, сега ќе се приклучи младиот бразилец, кој досега играше во редовите на Интер од Запрешиќ.
Младиот Луиз Паоло Хиларио Додо, потпиша 5.5 годишен договор со Динамо и веднаш по потпишувањето ги искажа своите први импресии од новиот тим.
„Среќен сум, бидејќи по некое време конечно добив прилика за игра во голем тим како Динамо. Ќе направам се за да ги оправдам очекувањата од мојот нов тим. Знам дека Динамо е најголем хрватски тим, во кој играше и мојот добар пријател Едуардо да Силва.“ прокоментира Додо.
Додо, кој има 22 години, во оваа сезона за тимот на Интер постигна четири гола.
Comments : Исклучени коментари
Tags : Динамо Загреб, Додо, Спорт
Categories : спорт
7
01
2010
Везниот играч на Динамо Загреб и најдобриот стрелец во хрватската прва ХНЛ лига повторно доби покана за репрезентацијата.
Педро Моралес има вкупно осум настапи за репрезентацијата на Чиле, а последен пат боите на својата татковина ги бранеше во средината на Август на пријателскиот дуел со Данска.
Сега Моралес е повикан да настапи на пријателскиот натпреварот против Панама кој ќе се игра на 20 Јануари.
Чилеанскиот репрезентативец од редовите на Динамо, оваа сезона во хрватската прва лига има постигнато 13 гола и се наоѓа на врвот на листата на стрелците.
Comments : Исклучени коментари
Tags : Динамо Загреб, Моралес, Спорт, Чиле
Categories : медиуми, спорт
7
01
2010
Тимот на Лион е најблиску до потписот на Ловрен, како што пренесуваат хрватските медиуми, откако претставници на францускиот тим во Загреб доставиле понуда од 10 милиони евра.
Како што пренесува весникот Vecernji, претставници на Лион во Загреб му доставиле понуда од 10 милиони евра на Здравко Мамиќ за стоперот на Динамо, Дејан Ловрен.
„Уште ништо не можам да кажам. Неможам да зборувам за цифри ниту за иднината на Ловрен, можам да кажам само дека трката помеѓу Лион и Тотенхем е жестока.“ изјави Мамиќ.
Како што пишуваат француските медиуми, Мамиќ преговара со Лион се со цел да ги намами англиските тимови како Челзи и Тотенхем да понудат и повеќе од 10 милиони евра.
Иако 10 милиони за дефанзивец се голема пара, сепак тоа не се најмногу што Мамиќ средил. Се сеќаваме кога пред две години го продаде 21 годишниот Чорлука во Манчестер Сити за 13 милиони евра.
Comments : Исклучени коментари
Tags : Динамо Загреб, Ловрен, Спорт
Categories : медиуми, спорт